Aпелацискиот суд Скопје денеска одржа седница во врска со жалбата на одбраната на бизнисменот Јордан Камчев да му биде укинат куќниот притвор во случајот „Империја“ на СЈО, но одлука не е донесена.
Во случајот „Империја“ кривично се гонат вкупно 13 лица, меѓу кои Сашо Мијалков, Ратка Куноска Камчева, Христина Камчева Стојческа, Лилјана Гајдовска, Владислав Стајковиќ, Дејан Јанев, Ванче Мијалчев и Јованче Тасковски.
Во притвор освен Јордан Камчев се и неговите соработници Ненад Јосифовиќ и Зорица Арсовска, директорот на „Пелагонија“ Цветан Панделески, како и директорот на фирмата „Ексико“ Тодор Мирчевски.
Сите се сомничат за сторени кривични дела злосторничко здружување, оштетување или повластување на доверители, злоупотреба на службената положба и овластување, измама и перење пари и други приноси од казниво дело во периодот од 2002 година до 2013 година.