316
Околу 60 амандмани од експертите се спорот помеѓу власта и опозицијата за Законот за јавно обвинителство, дознава неофицијално Локално.

Фото: Локално
Амандманите кои од ВМРО-ДПМНЕ ги предложиле се од неколку експерти кои говореа на Јавната дебата, меѓу кои и Гордан Калајџиев, Александар Даштевски, Ружица Николовска и Гордана Силјановска-Давкова.
Состанокот се очекува да заврши за кратко, а во час и половина преговори, не дошле до никаков договор. Неофицијално, деновиве повторно ќе има состанок на работните групи, со цел да се дојде до решение, а доколку нема поместување на ставовите од двете страни, власта ќе го пушти Законот во собраниска процедура.
Александар Тодески