Од среда во Јужна Кореја стапи во сила нов антикорупциски закон, кој меѓу другите ограничувања, забранува на државните службеници, наставниците и новинарите да прифатат ручек во вредност од повеќе од 30 000 вона или 26 долари, соопшти компанијата.
И покрај тоа што се обидува да се справи со се поширите корупциски практики во земјата, новото законодавство води до друга негативна тенденција. Се повеќе сопственици на ресторани се жалат дека нивните клиенти се намалуваат поради загриженост дека со своите постапки може да го прекршат законот.

Сопственикот на “Пуум Сеул” – луксузен ресторан во јужнокорејската престолнина, размислува да го затвори локалот, бидејќи во него доаѓаат уште помалку посетители. “Бројот на резервациите неодамна драстично се намали, бидејќи клиентите изгледа се загрижени дека можат да бидат фатени во прекршување на законот”, вели Ро Јунг-Хиј.
“Има јадења во различен ценовен опсег, но со 30 000 вона не може да се направат пристоен корејски ручек”, додава тој. Новото законодавство е насочено против епидемијата на корупција во земјата и најмногу кон наставниците, родителите на чии деца им даваат поткуп во замена за подобри оценки.
. Предмет на строгите мерки се и новинари, кои даваат предност на едни вести пред други, како и државни службеници, кои бараат мито за да скокаат над бирократски процедури. За разлика од “Пуум Сеул” некои други ресторани во земјата се борат со новиот закон и нудат антикорупциско мени.
“Наместо да се користи скапо Корејско говедско, ние сега користиме увезено од САД за нашите нови јадења по цена од 29 800 вона”, вели менаџерот на ресторанот “Конду” Јон-Жо. Покрај скапи ручеци, новиот закон вклучува и забрана за државни службеници и новинари да добиваат подароци во вредност од над 50 000 вона и парични подароци во износ од над 100 000 вона за свадби и погреби.
Во исто време, ако некој од нив добие подароци над 1 милион вона му се заканува и затвор до три години и парична казна од 30 милиони вона.