Нема предлог од комисијата за симнување на имунитетот на Вељаноски

од Vlatko K
135 прегледи

 

Претседателот на Собранието Талат Џафери не знае сè уште дали ќе свика собраниска седница за денеска за симнувањето на имунитетот на пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Трајко Вељаноски откако синоќа во Комисијата за мандатно-имунитетни и деловнички прашања гласаше 4:4 и не донесе став.

„Извештајот сега ќе го видам, ќе ги свикам и стручните служби за да видам конечно што ќе правам. Извештај од комисијата има, ама нема предлог заклучок. За свикување седница основен е извештајот со заклучокот. Деловникот не ги предвидува овие ситуации. Јас ќе свикам седница, но што ќе биде предмет на гласање. Нема заклучок од комисијата. За што да расправаме? За што гласаме, за одземање или за неодземање на имунитет? Немаме предлог пред нас. Дали за ’да‘ или за ’не‘. Да постапуваме за тоа што судот што предлага. Не може судот да му предлага на Собранието, зарем за што е смислата на постоењето на Комисијата за деловнички и мандатно-имунитетни прашања. Овие специфични ситуации не ги предвидува Деловникот. Еве и да го ставам на дневен ред на гласање, што вика извештајот? Извештајот вика и да и не“, изјави за СДК претседателот на Собранието Талат Џафери.

повеќе

Слични содржини