Канцеларот на Германија Ангела Меркел призна дека нема план Б во случај да турскиот претседател Реџеп Ердоган  ја исполни заканата и предизвика нов бран мигранти кон Европската унија, пренесоа светските агенции.

Во обид да ги намали тензиите меѓу Европа и Турција, таа ги повика двете страни да ги почитуваат обврските една кон друга.

Турскиот претседател Реџеп Ердоган пред неколку дена  рече дека ако ја отвори границите на земјата кон ЕУ ќе предизвика потоп од илегалните доселеници во заедницата. Заканата дојде ден откако Европарламентот ја гласаше резолуција за замрзнување на преговорите за членство на Анкара во ЕУ.