Протести за поддршка на демонстрациите во САД што избувнаа по смртта на афроамериканецот Џорџ Флојд се одржаа во Лондон и неколку други градови во Велика Британија.
Единаесет демонстранти биле уапсени во британската престолнина.
Полицијата во Лондон објавила дека апсењето е поради напад врз полицајци или носење оружје, и дека сите уапсени биле на возраст меѓу 17 и 25 години, објавил синоќа британски „Сан“.
Учесниците прво се собраа на плоштадот Трафалгар, а потоа дошле во американската амбасада во Лондон преку Вестминстер, носејќи пластични транспаренти на кои пишуваше „нема место за расизам“, „без правда нема мир“.
Како што се наведува, протестите биле претежно мирни, многумина носеле маски на лице и ги кренале тупаниците во знак на протест.
Освен Лондон, протести имало и во британските градови Манчестер и Кардиф, како и во Франција, Германија и Данска.
https://www.youtube.com/watch?v=YqOHF0UIgF0&feature=emb_title