Немири во Брисел по смртта на тинејџер од африканско потекло (ВИДЕО)

од Nikola Popovski

Демонстранти во Брисел, главниот град на Белгија, во средата го запалија влезот на полициска станица и полициско возило за време на протестот поради смртта на тинејџер од африканско потекло, кој почина откако беше приведен од полицијата.

Стотици граѓани се собраа пред полициската станица во близина на железничката станица на северот на Брисел, во знак на протест против смртта на 23-годишниот тинејџер од африканско потекло, по име Ибрахим Бари.

За време на протестот се слушаа паролите „Животот на црнците е важен“, „Правда за Ибрахим“, „Полициски убијци“, по демонстрантите потоа почнаа да фрлаат камења кон полициската станица, на што припадниците на безбедносните сили одговорија со употреба на водени топови. Демонстрантите подоцна запалија влез во полициска станица и полициски автомобил. За време на немирите, прозорците на бројните полициски автомобили беа скршени, а демонстрантите оштетија банкомати и продавници на околните улици.

Во меѓувреме, демонстрантите со камења го погодија и возилото на белгискиот крал Филип, што се случи да помине низ зоната каде траеја протестите. Автомобилот брзо се оддалечи од местото на настанот, а сè уште не е познато дали кралот Филип во тоа време бил во возилото. Неколкумина демонстранти беа повредени при полициската интервенција.

Изгубил свест и починал

Повредените биле пренесени во болница, а неколку демонстранти биле приведени.

Полицијата го уапси тинејџерот Ибрахим Бари со образложение дека не ги почитувал мерките преземени во борбата против коронавирусот.

Се тврди дека Бери со својот мобилен телефон снимил видео од полицијата, а потоа избегал.

Бери, кој беше уапсен и однесен во полициската станица, изгубил свест еден час подоцна и почина во болницата каде бил префрлен.

Слични содржини