Необични ќофтиња со компир (Видео)

од desk2
996 прегледи

Совршени ќофтиња со компири – ручек кој ќе го правите постојано!

СОСТОЈКИ:
300 гр мелено месо
3 лажици презла
1 главица кромид
4-5 чешниња лук
2 јајца
200 гр кисела павлака
малку кашкавал
малку мелена пиперка
бибер мелен
3 големи компири
масло
НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:
Во меленото месо додајте презла, сечкан кромид, сечкан лук, 1 јајце, мелена пиперка и бибер, и сѐ добро изедначете. Направете ќофтиња.
Компирите обварете ги и исечкајте ги на кругови. Намастете тепсија со масло и обложете го дното со компири како и страните.
Наредете ги ќофтињата, а помеѓу секое ставете кругчиња компир. Разматете јајце и додајте павлака, па изедначете. На секое ќофте ставете по лажица павлака.
Од горе изрендајте кашкавал. Печете на 220 степени околу 40 минути убаво да порумени.

Слични содржини