Неочекуваната „одмазда“ на Трамп кон Твитер

од Nikola Popovski

Укинувањето на Твитер профилот на Доналд Трамп донесе неочекувана „одмазда“ – акциите на таа социјална мрежа паднаа за повеќе од 11 проценти.

Падот на вредноста на акциите на Твитер „избриша“ скоро пет милијарди долари во вредноста на таа компанија, пренесува „Бизнис инсајдер“.

Падот се случи веднаш откако Твитер трајно го суспендира профилот на американскиот претседател.

Профилот на Доналд Трамп „@realDonaldTrump“ имаше повеќе од 88 милиони следбеници и американскиот претседател го користеше со години, откако беше избран. Тој често ги искажуваше своите ставови и ги коментираше најважните настани.

Твитер најпрво привремено го суспендираше профилот на Трамп, но наскоро целосно го укина поради, како што беше објавено од таа социјална мрежа, „ризикот дека ќе поттикне насилство“.

Суспензијата следеше по твитовите на Трамп за демонстрациите на неговите приврзаници во Вашингтон и упадот во конгресната зграда во Капитол.

Твитер претходно ги назначи како непроверени, твитови на американскиот претседател во кои тој тврди дека има нерегуларности на изборите во САД.

Другите социјални мрежи, како Фејсбук и Инстаграм, исто така ги суспендираа профилите на Трамп од истата причина.

Слични содржини