Непознати лица упаднале на имотот на кралицата Елизабета Втора

од Nikola Popovski

Обезбедувањето на имотот на Виндзор на кралицата Елизабета Втора (95) била непријатно изненадено кога забележало две непознати лица, маж (31) и жена (29) како шетаат околу имотот.

Двајцата незабележливо се искачиле преку оградата на местото каде кралицата често одела на прошетка со своите кучиња и на јавање, пренесува „24сата.хр“.

Тие конечно биле фатени во близина на црквата и домот на синот на кралицата, принцот Ендру 61), кој во тоа време бил дома.

„Двојката шетала низ одморалиштето со часови без никој да ги забележи, тоа е срамота“, велат извори блиски до кралицата.

Обезбедувањето било во состојба на готовност уште од претходно, бидејќи неколку дена порано, тие по грешка пуштиле непозната жена да влезе во одморалиштето.

Иако одморалиштето е многу добро заштитено, на многумина не им е јасно како можело да се случи таков пропуст.

Портпаролот на кралицата не сакаше да коментира ништо јавно за неодамнешните настани.

 

Слични содржини