Според Алев Корун од мисијата на ПССЕ, „постојат сомневања дека 2,5 милиони гласачки ливчиња се злоупотребени“
Претходно ОБСЕ објави извештај во кој се наведува дека анкетата е спроведена во услови на нееднаквост меѓу поддржувачите и противниците на промените.
Од друга страна Турција ја продолжи за три месеци вонредната состојба, соопшти вицепремиерот на земјата Нума Куртулмуш, цитиран од BBC.
Ова се случува во услови на бпостојани опозициски протести против начинот на спроведување на вчерашниот референдум за уставни промени во земјата.
Продолжувањето на вонредната состојба беше препорачано на Владата од Советот за национална безбедност на земјата, со образложение дека со тоа ќе се обезбеди континуитет на “мерките за заштита на принципот на владеењето на правото”.
Одлуката доаѓа непосредно по спорната победа на претседателот Реџеп Тајип Ердоган на вчерашниот референдум за промена на државното уредување. Според официјалните податоци, за зајакнување на претседателските овластувања гласале 51% од избирачите.
Незадоволство предизвика одлуката на изборниот одбор да ги признае гласовите без печати, во спротивност со прифатените правила.Главните опозициски партии велат дека ќе поднесат жалба на резултатите од гласањето.