Непријатни сцени во Акапулко: Американец падна на земја по силни грчеви (ВИДЕО)

од Vladimir Zorba
699 прегледи

Американскиот тенисер Стефан Козлов „замрзна“ од грчеви по долгиот поен на АТП турнирот во Акапулко.

Козлов преку квалификациите стигна до главната ждрепка и во првото коло играше против Бугаринот Григор Димитров.

Тој направи големо изненадување и по три сета го совлада бугарскиот тенисер (7:6, 5:7, 6:3).

Главната сцена на натпреварот се случи при резултат 4:3 за Козлов на сервис на Димитров, кога имаше брејк топка.

По долга размена и долг поен, Козлов отиде по пешкир, но се „закочи“ од грчеви и падна на земја од болки.

Веднаш повика лекарска помош и сите дојдоа на помош, вклучително и Димитров.

Долго време му се даваше помош, а тој успеа да го продолжи натпреварот и да победи на крајот.

Слични содржини