Сексот не би требало да биде најважен во врската, но секако е многу важен.

Секој посакува партнер кој ќе знае да го задоволи под чаршафите, но луѓето често се заљубуваат пред да дознаат дека некој не е добар во сексот.
Но, доколку му верувате на хороскопот, тогаш лесно можете да ги избегнете лошите љубовници, бидејќи, најмногу од нив, наводно се раѓаат во знакот Рак.
Иако се познати по тоа дека се многу грижливи и посветени партнери, Раковите во спалната соба се прилично себични, но само затоа што се неспретни и не знаат што прават. Затоа и најчесто иницијативата ѝ ја препуштаат на партнерката, на која не знаат да ѝ возвратат со иста мера.
Сега кога го знаете ова, на вас е да одлучите дали сакате слепо да му верувате на хороскопот и да ги избегнувате Раковите или да ризикувате и да се заљубите во некој кој можеби е, но можеби и не е добар во спалната соба.