Несреќа -загина градежен работник

од Vlatko K

Црна ХРОНИКА

   Во Полициската станица Струга денеска околу 09:30 часот  било пријавено дека во населба Елен Камен во Струга, при изведување градежни работи, со повреди се здобил Џ.А.(49) од Струга и како последица на тоа починал. Според пријавеното, додека работел, Џ.А. бил удрен од црево кое се откачило од пумпа за бетонирање. Се преземаат мерки за рачистување на случајот.

Вчера околу 12:05 часот во Полициската станица Делчево било пријавено дека на улица „Климент Охридски“ во Делчево настанал пожар во куќата на С.Е.(47). Пожарот бил предизвикан во делот кај оџакот. Во 12:40 часот екипа на Територијалната противпожарна единица Делчево го изгаснала пожарот. Увид на местото извршила екипа од Полициската станица Делчево.

Синоќа во 23:45 часот во Полициската станица Гази Баба, Д.Н.(36) од село Стајковци, Скопско, пријавил дека истиот ден околу 23:30 часот на парикнг пред ресторан на улица 1 во село Стајковци бил физички нападнат од И.Ѓ.(27) од село Брњарци, Скопско. Сочинет бил записник за констатиран прекршок по член 12 од Законот за прекршоците против јавниот ред и мир.

На 2 јануари 2019 година во 00:50 часот во Полициската станица Центар, М.М.(35) од Скопје пријавил дека на 1 јануари 2019 година околу 23:20 часот во угостителски објект на булевар „Св.Климент Охридски“ бил физички нападнат од Љ.Ј. од Скопје и неколку други лица. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

Вчера во периодот од 09:00 до 10:00 часот, врз основа на судска наредба, полициски службеници извршиле претрес во домовите на Д.М.(81) и М.М.(74) на улица „Пионерска“ во Кавадарци. При претресот во домот на М.М. биле пронајдени и одземени еден пиштол „ВЗОР“ 50 калибар 7,65 мм и рамка со осум куршуми, кој го поседувал без дозвола. При претресот во домот на Д.М. биле пронајдени и одземени еден пиштол со куршуми, кој го поседувал без дозвола и еден пиштол со куршуми, кој го поседувал со дозвола. Лицата биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.

На 2 јануари година околу 01:30 часот во СВР Битола било пријавено дека во ресторан во Битола, П.Т.(25) од Битола со нож бил повреден на левата подлактица од страна на В.К. од Битола. По преземени мерки В.К. бил приведен во полициска станица, а по целосно расчистување на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Вчера во 23:00 часот во Полициската станица Аеродром, К.А.(19) од Скопје пријавила дека истиот ден околу 22:10 часот во угостителски објект на булевар „Јане Сандански“ во Скопје била физички нападната од А.М. од Скопје. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

На 2 јануари 2019 година околу 00:50 часот во Полициската станица Струга било пријавено дека пред интернет клуб на улица „Маршал Тито“, Н.С.(25) од Струга бил физички нападнат од повеќе лица. На Н.С. му била укажана помош во Медицинскиот центар Струга. Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителите и за целосно расчистување на случајот.

Во Полициската станица Струга вчера е приведен А.А.(39) од село Франгово, Струшко, затоа што упатувал закани по животот на 45-годишна жена од Струга. По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Вчера во 16:45 часот во Полициската станица Центар, М.А.(27) од Скопје пријавила дека истиот ден околу 11:00 часот од домот во непознат правец се оддалечил нејзиниот татко А.А.(64). Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.

Утринава околу 03:00 часот во СВР Охрид било пријавено дека тројца непознати сторители извршиле разбојништво на бензинска пумпа во село Ново Село и одзеле околу 12.000 денари. Се преземаат мерки за расчистување на случајот

Слични содржини