Традиционалните процедури и производи за убавина се многу добро познати на поголемиот дел од негуваните жени.
Индустријата постојано претставува нови и нови иновации кои не само што ги прават нашите животи полесни, но и нè менуваат на начин на кој ќе го покажеме подоброто “Јас”.
Сепак, секојдневно откриваме некои лесно применливи и евтини начини да постигнеме добри резултати и саканиот ефект да е на дофат на нашите средства.
Поради оваа причина селектиравме за вас некои нестандардни, но проверени начини со коиќе ја постигнеме посакуваната убавина.
1. Долготраен мирис
За да го продолжите животот на вашите парфеми на кожата и да се радувате на пријатен мирис во текот на целиот ден, користете вазелин. Само разнесете мало количество на зоните во кои ќе вбризгате од миризливата течност.
2. Јогурт во косата
Ова е еден од најчудните методи да ја скротиме и заштитиме косата, кој сепак функционира беспрекорно. Користете малоколичество јогурт пред да оформувате со преса или фен. На овој начин ќе ги заштите рашртканите влакненца на косата од високата температура на инструментот за убавина.
3. Кокосово масло
Природните масла секогаш се најдобриот можен избор за косата. Користете кокосово такво и нанесете по должината на целата коса. Оставете да дејствува барем 20 минути и потоа измијте ја со шампон и балсам. На овој начин ќе се зајакне косата и ќе се врати нејзиниот сјај.
4. Маслиново масло за чистење
Иако изгледа проблематично за нанесување и тешко за миење, маслиновото масло е одлична алтернативна опција, со која ќе го исчистите лицето. Нанесете врз целото лице и исчистете ја шминката со него. Не само што ќе се радувате на чиста кожа, но и ќе биде хидрирана.
5. Очна линија
Очната линија е сигурно еден од најкомплексните трикови во убавината. Со тек на времето индустријата се погрижи за бројните варијанти и удобни текстури, но и покрај тоа совршениот крај пак е тежок. За целта користете мало парче селотејп во долниот дел на надворешниот агол на окото. На овој начин ќе ја заклучите формата.