Несудениот технички министер во МВР, Драган Ковачки, на листа во третата Изборна единица

од Aleksandar Todeski
466 прегледи

Првиот избор за технички министер за внатрешни работи на Христијан Мицкоски, кој како неуставен беше одбиен од страна на власта, Драган Ковачки, ќе се трка за пратеничко место на опозициската листа во третата Изборна единица.

Инаку Ковачки беше најавен како натпартиски кадат на ВМРО-ДПМНЕ, но сега на листите стои како предлог на опозицијата, на единаесето место, една позиција над Јохан Тарчуловски, а три места под актуелниот координатор на пратеничката група, Никола Мицевски.

Полковникот Ковачки е еден од петмината унапредени во Армијата кои поранешниот претседател Ѓорге Иванов ги потпиша, а ги оспори Државната комисија за спречување на корупција, бидејќи беа потпишани по распишување на претседателските избори.

Унапредувањата на Ковачки од полковник во командант на Првата механизирана пешадиска бригада, но и на Мирче Ѓорговски, Маријо Јуришиќ, Васко Ѓурчиновски и Бесник Емини беа поништени од актуелниот претседател Стево Пендаровски по одлуката на Антикорупциската комисија, откако неколку месеци ја вршеа функцијата која ја одбија со унапредувањато.

А.Т.

Слични содржини