Нетанјаху дециден: Нема да се повлечеме од Газа, ниту да ги ослободиме „екстремистите“

од Nikola Popovski

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху денеска изјави дека Израел нема да се повлече од Појасот Газа, ниту ќе ослободи неколку илјади екстремисти од затвор, како што побара палестинската организација Хамас во индиректните мировни преговори.

Нетанјаху порача од Западниот Брег дека војната нема да заврши додека Израел не постигне „апсолутна победа“ над Хамас, пренесува АП.

Претставниците на САД, Израел, Катар и Египет во последните денови одржале разговори со цел постигнување договор за прекин на огнот, вклучително и ослободување на преостанатите заложници киднапирани од Хамас на 7 октомври во јужен Израел.

Од околу 250 заложници, Хамас ослободи повеќе од 100 во ноември, главно жени и деца, во замена за 240 палестински затвореници.

Слични содржини