16
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху денеска во Белата куќа ќе се сретне со претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп. Главна тема на разговорот ќе бидат новите царини што САД му ги воведоа на Израел, соопштија од кабинетот на Нетанјаху.
Двајцата лидери, исто така, се очекува да разговараат за заложниците кои ги држи палестинската милитантна група Хамас, потенцијалните тензии меѓу Израел и Турција во Сирија, како и напорите за одвраќање на Иран.
Министерот за стратешки прашања, Рон Дермер, исто така, отпатува за Вашингтон и ќе учествува на состаноци со високи претставници на Белата куќа, потврди член на придружбата на премиерот Нетанјаху за „Тајмс оф Израел“.