Нетанјаху утре ќе им се обрати на граѓаните на Приштина: Дали ќе го објави официјалното признавање на Косово?

од Nikola Popovski
229 прегледи

Две недели по договорот во Вашингтон, како и најавата за заемно признавање на Израел и Косово и отворањето на косовската амбасада во Ерусалим, израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху ќе им се обрати на граѓаните на Косово преку видео порака во вторник, пренесуваат српските медиуми.

Нетанјаху ќе им се обрати на граѓаните на Косово во вторник, на 15 септември, кога ќе се слави Рош Хашана – еврејската Нова година, пишуваат приштинските медиуми.

Како што е најавено, видео обраќањето на Нетанјаху ќе биде прикажано за време на свечената новогодишна церемонија на Евреите, организирана во еден од хотелите во Приштина.

Сепак како што објавуваат медиумите во Косово, останува прашањето дали преку видео-пораката, Нетанјаху и официјално ќе го признае Косово за независна држава.

Организатор е главниот рабин на Албанија

Според агендата објавена од организаторите, покрај видео пораката од Нетанјаху, за време на церемонијата ќе има можност за воспоставување директна врска со израелскиот премиер.

На церемонијата ќе бидат поканети претседателот Хашим Тачи, претседателката на Собранието, Вјоса Османи и премиерот Авдулах Хоти.

На обраќањето на Нетанјаху ќе присуствува главниот рабин на Албанија, Јовл Каплан, кој е организатор на настанот, јавуваат приштинските медиуми.

Слични содржини