„Шатл -дипломатијата„ на ДУИ, за помирување на ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ за излез од политичката криза, се уште не дава резултати, иако на тоа инситираат од Мала Речица и нивниот лидер Али Ахмети. Ова за Алсат-М го изјави портпаролот на партијата Бујар Османи.

ahmeti
„Ова се последни часови или последни мигови за постигнување компромис. Повторно ги повикуваме македонските политички партии да прифатат компромици, кои се на маса за да ја извлечаат државата и граѓаните од кризата. Ако тоа не биде постигнато, тогаш на ДУИ и преостанува да ги разгледа нејзините полтики во правец на заштита на интересите на Албанците во Македонија„, изјави Бујар османи, портпаролот на ДУИ.
Според информациите на медиумот, посредничкиот обид на ДУИ не дал резултат, така што состојбата останува крајно неизвесна и комплицирана.
Од СДСМ истакнуваат дека не добиле некаква конкретна понуда за разгледување. Додека, пак, ВМРО-ДПМНЕ, остануваат на ставот дека решението мора да биде во согласност со Уставот и законите и политичкиот договор меѓу партиите.

Слични содржини