Неверојатна трансформација на Хелен Мирен за улогата на позната политичарка (ВИДЕО)

од Stefanija Kuzmanovska

Познатата актерка Хелен Мирен ќе го толкува ликот на израелската премиерка Голда Меир во филмот „Голда“.

Официјалниот трејлер за оваа продукција е објавен, а филмот е заснован на вистинска приказна и следи период од 19 „напнати денови“ околу војната во Јом Кипур во 1973 година.

Хелен Мирен за оваа улога мораше да направи голема промена во својот изглед, а по објавувањето на трејлерот многумина беа импресионирани од нејзината трансформација.

Потсетуваме, кога минатата година беше објавено дека Хелен ќе ја глуми Голда Меир, актерката се соочи со негативни критики бидејќи многумина веруваа дека Голда „треба да ја глуми Еврејка“. Мирен подоцна изјави дека за тоа разговарала со режисерот и дека тој „инсистирал токму таа да ја игра таа улога“.

„Ако некој кој не е Евреин не може да глуми Еврејка, дали некој што е Евреин може да глуми некого што не е Евреин?“, изјави таа за „Дејли Меил“ по тој повод.

Слични содржини