Неверојатно: Погледнете како гласаа регионите погодени од страшниот земјотрес во Турција

од Stefanija Kuzmanovska

Во неделата во Турција се одржаа претседателски и парламентарни избори, а извесно е дека во вториот круг одат Реџеп Тајип Едроган и Кемал Киличдароглу. Бројките покажуваат дека Ердоган остварил прилично добри резултати во регионите најтешко погодени од разорниот земјотрес.

Врз основа на 99,38 отсто преброени гласови, актуелниот претседател Реџеп Тајип Ердоган освоил 49,42 отсто од гласовите, додека неговиот главен ривал Кемал Киличдароглу 44,95 отсто. Победникот на изборите ќе биде познат во вториот круг на 28 мај.

Двата земјотреса кои ја уништија јужна Турција на 6 февруари, при што загинаа повеќе од 50.000 луѓе, беа едно од главните прашања во предизборната кампања.

Ердоган беше критикуван за бавната реакција на земјотресите, лошата градба и сместувањето на настраданите по земјотресот.

Турскиот претседател во деновите по земјотресот изјави дека одговорот на тимовите за пребарување и спасување не бил толку брз како што можеше да биде. Владата рече дека повеќето од срушените згради биле изградени пред да стапат на сила новите прописи за градење.

И покрај тоа, резултатите во регионите кои беа најпогодени од земјотресот покажуваат дека населението силно го поддржувало Ердоган, што може да биде и показател за задоволство од реакцијата на владата.

Како што може да се види на мапата, Ердоган победил во регионите Каханмарас, Малатија, Газиантеп и Адијаман.

Неговиот противник Киличдароглу победил само во два региона погодени од земјотресите – Хатај и Адани.

Слични содржини