Синоќа на репертоарот на Скопскиот филмски фестивал беше прикажан шпанскиот трилер „Невидливиот гостин„на шпанскиот режисер Ориол Пауло.Овој прекрасно снимен трилер е продолжение на прославениот „Тело„(2012)Главниот лик,Адријан Дорија е успешен ,млад бизнисмен кој има прекрасно семејство, жена и ќерка , и кој е вплеткан во мистериозното убиство на неговата љубовница Лаура Видал (Лени).

Ја запознава Вирџинија Гудман (Вагенер) , адвокатка со сребрена коса која треба да го брани обвинетиот , и која пристигнува во неговиот стан во пентхаусот за да го разгледува случајот на убиството на љубовницата на овој млад ,успешен човек.Тој е нејзиниот последен случај пред пензија и таа не смее да дозволи да се искомпромитира сега на крајот на својата кариера а досега не изгубила ниеден случај. Таа се обидува да ја разоткрие вистината од Адријан. Еве ја неговата приказна. Се започнува три месеци порано , се случува несреќа на патот, Адријан и Лаура удираат во колата на едно младо момче и го усмртуваат . Адријан технички не е виновен за несреќата, еден елен им излетува на патот, ременот откажува и тие ја удираат колата на момчето.Иако не се виновни, поради природата на нивната врска, решаваат да ја заташкаат несреќата. Адријан ја потопува колата со момчето во блиското мочуриште додека Лаура е на патот, колата им е во застој.Лаура го запознава Томас(Коронадо), инжинер кој живее во близина и кој се понудува да и ја поправи колата на Лаура. Наскоро Лаура затреперува кога дознава дека момчето кое го усмртиле на патот е всушност синот на Томас и неговата срдечна сопруга Елвира(професорка по литература болна од рак).Адријан и Лаура решаваат да ја прекинат врската, но уцената ги спојува во непознатиот хотел(подоцна дознаваме дека Елвира работи таму). Адријан тврди дека е нокаутиран од страна на непознат напаѓач и кога ќе се рабуди минута подоцна ја гледа Лаура мртва, сепак убиецот исчезнува од ведро небо, бидејќи нма ни трага од провала внатре , тој е заклучен одвнатре во собата.Нарацијата е налик на сложувалка, деталите се мешаат, се реконструираат приказните со различни можности, за да Адријан изгледа невино што е всушност играта помеѓу Вирџинија и Адријан, таа се труди да ја исцица вистината од Адријан и да ја стекне неговата доверба.Која е всушност Ана Вагнер дознаваме на крајот. Таа игра дихотомна улога , во крајните сцени кога се вади маската и шминката од лицето откриваме дека зад камуфлажата е всушност мајката на убиеното момче . Таа и нејзиниот сопруг веќе имаат собрано доволно докази околу смртта на синот и тие и ги понудуваат на полицијата .
.Ориол Пауло ја држи напнатоста на гледачите од првиот до последниот момент во филмот. Филмот изгледа прекрасно, со убава монохроматска палета на бои полн со едноставни и добро структурирани кадри, сцените експертски се движат меѓу сегашноста и минатото.Филмот и приказната се прекрасно слиени, не зашеметува раскажувањето на приказната за на крајот да кулминира остроумноста на моралот.
Режија- Ориол Пауло Улоги-Марио Касас,Барбара Лени,Ана Вагнер,Хозе Коронадо
Рецензија на Светлана Вељановска