Невниманието и пијанството – најопасни за младите возачи во Европа

од Vladimir Zorba

 

Сообраќајните несреќи се главна причина за смрт на младите и оваа опасност е највисока во текот на летото, покажуваат светските истражувања. Клучен фактор за црната статистика е ризичното однесување. Бројките покажуваат дека од 2004 до 2013 година, во Европската Унија загинале 62.000 млади лица при сообраќајни несреќи.Ford driving skils 3

Младите од 18 до 24 години опфаќаат осум проценти од вкупната популација во Европа, но 15% загинуваат во сообраќајни несреќи. Летно време, проблемот станува поизразен и процентот на загинати млади лица се искачува на 21 отсто од вкупниот број починати лица на патиштата.

Светски познатиот производител на автомобили, компанијата Ford, организираше истражување со 6.500 млади лица – возачи во Европа за подобро да се разберат ризиците кои предизвикуваат сообраќајни несреќи. Истражувањето покажува дека 57 отсто од сообраќајните несреќи се случуваат заради несоодветна брзина, 43% возачи пишувале пораки додека возеле, 36% од возачите се јавувале на телефон или разменувале инстант пораки, 16% не биле врзани со сигурносен појас, 13% пиеле и возеле и 11% гледале видео или ТВ на своите уреди додека возеле. Исто така, еден од четири млади возачи правеле селфи додека биле на воланот.

Поради ова, компанијата Ford нуди бесплатни тренинзи за младите возачи насловенo како Ford возачки вештини за живот (Ford Driving Skills for Life (DSFL). Во Европа, до крајот на 2016 година, програмата ќе опфати повеќе од 20.000 возачи низ 13 држави – Белгија, Данска, Финска, Франција, Германија, Италија, Холандија, Полска, Романија, Русија, Шпанија, Турција и Обединетото Кралство. Програмата Ford DSFL нуди препознавање на ризици, управување со возило, менаџирање со брзина и простор, ризици предизвикани од пиење и возење, возење после земање на наркотици и правење селфи.

„Летото е одлично време младите да ja уживаат слободата на возењето, која зазема голем дел од идејата да се биде млад денес во однос на претходните генерации. Но, премногу млади лица умираат во сообраќајни несреќи комбинирани од неискуство и лошо донесени одлуки“, вели Џим Греам, менаџер на Ford DSFL.Ford driving skils 5

Околу 57 отсто од младите возачи признаваат дека возат побезбедно кога во автомобилот има родители или баби и дедовци наспроти 41 процент од испитаниците кои рекле дека преземаат повеќе ризици кога се возат со свои пријатели. Токму затоа, Ford креираше измислено видео за да ги покаже предностите на „Надуените“ („Blown ups“). Овој измислен продукт е возрасна кукла на надувување, програмирана да се надува во момент кога младите се невнимателни позади воланот и служи како потсетник за DSFL програмата.

„Суштински е важно да најдеме вистински начин и да им пристапиме на младите лица со овие важни пораки. Да ги осигураме дека се повеќе возачи имаат можност да ги искористат поволностите на оваа програма“, вели Греам.
Патувањата, фестивалите и плажата се атракции во лето. Истражувањето покажува дека 68 проценти од младите се порелаксирани при нивното возење во летните месеци и на речиси 54 отсто, вниманието им го привлекуваат атрактивни пешаци. Од овие испитаници, 45% признале дека би возеле преполна кола со пријатели, 25% би прифатиле превоз со некој што го познаваат иако пиел и 24% би возеле после конзумација на дрога. Вкупно 41% веруваат дека, понекогаш, има добра причина да преземат ризик додека возат, 26% имале сообраќајна несреќа и 20% биле сопрени од полиција.

На прашањето „Колку сте загрижени ако се најдете во сообраќајна несреќа“, најголемиот дел го рангирале ова прашање малку повисоко отколку да се најдат во терористички напад. Вкупно 93 проценти сметале дека имаат одлични возачки вештини, но 54% признаваат дека не се толку безбедни колку што треба да бидат додека возат.

Исто така, според истражувањето, веројатноста млади мажи да го изгубат вниманието поради атрактивни пешаци е три пати поголема отколку младите жени. 25% мажи биле сопрени од полиција во однос на 16% жени и поголема е веројатноста мажите да брзаат, да користат мобилни телефони или да возат под дејство на алкохол.

Ford driving skils 6

„Форд Мотор Компани“ е глобална компанија за автомобили и мобилност со седиште во Дирборн, Мичиген. Со околу 199.000 вработени и 67 постројки низ целиот свет, основната дејност на компанијата вклучува дизајн, производство, маркетинг, финансирање и сервисирање на цела линија автомобили, камиони, спортски автомобили и електрифицирани возила „Форд“, како и луксузни возила „Линколкн“ (Lincoln). Во исто време, „Форд“ постојано бара нови можности преку „Форд Смарт Мобилити“ (Ford Smart Mobility), планот на компанијата да биде лидер во поврзаност, мобилност, автономни возила, искуство на клиентите и податоци и анализа. За повеќе информации во врска со ’„Форд“, неговите производи низ целиот свет или „Форд Мотор Кредит Компани“ (Ford Motor Credit Company), посетете ја www.corporate.ford.com.

„Форд оф Јуроп“ (Ford of Europe) е одговорна за производство, продажба и сервисирање на возилата „Форд“, на 50 индивидуални пазари, и во своите фабрики во целосна сопственост има речиси 53.000 вработени и речиси 68.000 лица кога ќе се вклучат и заедничките инвестиции и неконсолидираните бизниси. Во прилог на „Форд Мотор Кредит Компани“ (Ford Motor Credit Company), работата на „Форд Јуроп“ (Ford Europe) вклучува и Оддел за услуги за корисници на „Форд“ и 24 производни објекти (16 во целосна сопственост или како консолидирани заеднички инвестиции и 8 неконсолидирани заеднички инвестиции).Првите автомобили во Европа се испорачани во 1903 година, истата година кога е основана „Форд Мотор Компани“. Производството во Европа започнало во 1911 година.

Слични содржини