Фер избори и деморкатски избори во Македонија во 2025 година е само флоскула. Законот и правилниците се напишани така што можат да се толкуваат како им одговара на владејачките структури. И повторно, како и секогаш, правилата важат само за малите, а за ВМРО ДПМНЕ – сè е дозволено, соопштија денеска од Независни за Македонија.
„Денес политичките партии свечено го потпишаа Кодексот за фер и демократски избори, на во реалноста се случувва нешто сосема спротивно, двојни стандарди и злоупотреба на државните (парите на граѓаните) ресурси во корист на ВМРО-ДПМНЕ.
За овој изборен циклус, од џебот на граѓаните ќе се потрошат 6,7 милиони евра во медиумите, но, овие пари нема правично да се распределат. Напротив, најголемиот дел од парите е однапред резервиран за големите партии. Пари на граѓаните за партиска пропаганда! Ниту е е фер, ниту е демократија.
Иако не се согласуваме со ставовите на парламентарна партија Левица, сметаме дека правото и законите треба да важат за сите и не разбираме зошто на ПП Левица ѝ е забрането да се рекламира согласно закон, и согласно правилата да се рекламира од буџетот кој е издвоен за овие избори наменет за политичките партии. Ако ова можат да и го направат на најсилната опозициона партија, тогаш што останува за малите, вонпарламентарни партии? Законот и правилата важат за сите, освен за ВМРО ДПМНЕ.
„Не знам зошто има формални оизбори и зошто глумиме демократија кога гледаме како ДПМНЕ си прави што сака, крати буџетски средства за политички партии, забранува рекламирање на опоненти, организира кампања и промоции иако не смее. Едноставно дај нека сами изберат и градоначалници и советници во сите општини и да не правиме трошок без пари. Нека воведат систем како во Северна Кореја, таман имаме и сличности, Северна Македонија”, вели Владимир Куновски, кандидат за градоначалник на Скопје.
Движење Слободни и независни (Слободоумни и финансиски независни) е составено од долгогодишни граѓански активисти препознатвиви преку здруженија Но Пасаран, Човекот над профитот и Превентива. Политичкото крило на Движењето е преставено од ПП Работничка партија Скопје.