Независниот кандидат за претседател Блерим Река ги собра потребните потписи

од Vladimir Zorba
91 прегледи

Независниот кандидат за претседател Блерим Река соопшти дека ги собрал потребните потписи за кандидирање за претстојните претседателски избори во Северна Македонија.

Од изборниот штаб на Река нагласуваат дека за помалку од 15 часа неговата кандидатура ја поддржале илјадници граѓани со преку 11.000 потписи.

– Им се заблагодаруваме на структурите на политичките партии, на Алијансата за Албанците и на движењето Беса за придонесот и поддршката дадена во процесот на собирање на потписи. Им се заблагодаруваме на сите граѓани за нивната поддршка: во вашата посветеност, ја наоѓаме нашата храброст, се вели во соопштението изборниот штаб на Блерим Река.