Незавнисните пратеници од ВМРО-ДПМНЕ без став за укинувањето на лустрацијата

од Aleksandar Todeski

Независната пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата нема заземено став за предложениот Закон за укинување на лустрацијата, што владејачката СДСМ го предложи, а го блокираше опозициската ВМРО-ДПМНЕ, заедно со ДУИ и ДПТ.

„Ние како пратеничка група немаме заземено став за укинувањето на лустрацијата“, кратко рече пратеничката Емилија Александрова.

Инаку укинувањето на лустрацијата вчера требаше да почне на собраниската комисија за политички систем и односи со заедниците, но по два обиди да стартува расправата, претседателот на комисијата и пратеник од СДСМ, Александар Кирацовски ја одложи без да прецизира кога би продолжила, бидејќи ВМРО-ДПМНЕ најави илјадници амандмани и ја бојкотираше седницата седејќи во ходникот.

Според СДСМ, лустрацијата била политичка, за што говорат и нелегално прислушуваните разговори, а според опозицијата, лустрацијата била добра и не треба да се укине.

А.Т.

Слични содржини