„Ние сме на работа, вие седете дома“ порача медицинскиот персонал од Дебар

од Ивана Рамаданова
504 прегледи

Лекарот од Дебар Арбен Аголи на својот на Фејсбук профил  објави фотографија со своите колешки кои  во рацете држат порака на македонски и на албански јазик: „Ние сме на работа, вие седете дома”.

Тие преку овој гест, сакаат да им дадат поддршка на жителите на Дебар и Центар Жупа кои по препорака на надлежните еден месец ќе бидат во карантин.

Во Дебар и Центар Жупа од вчера е прогласена кризна состојба. Надлежните институции спроведува посебен режим на движење, како и други активности за спречување на ширењето на коронавирусот.

Воедно денеска од тетовската касарна заминаа 50-тина припадници на Армијата кон општините Дебар и Центар Жупа.

Полицијата обезбедува контрола на главните правци кон и од Дебар, го ограничува транспортот. Целта ни е да се ограничи целосно влезот и излезот во овие две општини за да се спречи ширење на вирусот, а главна задача на Армијата е конторла на граничните линии

Слични содржини