Пејачот на Ајрон Мејден, Брус Дикинсон не е оптимист за 21 век. Тој во интервју за „Њусвик“ зборува за некогашниот концентрационен логор Аушвиц, кој со другите членови на групата го посети во 1984 година, кога одржаа концерт во Вроцлав.
– Тоа е многу морничаво место. Водичот, Полјак, кој ни го покажа логорот, таму е секој ден. Како некој може тоа да го поднесе? Јас не би можел да издржам таму повеќе од неколку часа. Тоа место смрди на зло, истакна Дикинсон.
Тој коментирајќи ја актуелната ситуација во светот посочи дека „и покрај тоа што мислиме дека сме современи луѓе на 21 век, ние сме само на едно отчукување на срцетот далеку од Аушвиц. Тука не мислам само на Евреите“.
– Нешто еквивалентно на тоа секој ден се случува некаде во светот. Кога ќе помислиш: Како почнавме да се развиваме? И тогаш ќе се случи некое лудило, како што е масакрот на концертот во Лас Вегас. Тоа не наведува да се запрашаме: Што се случува со луѓето: Дали сите сме способни за такво нешто? се прашува Дикинсон.
Тој за Аушвиц пишува и во своите мемоари под наслов „What Does This Button Do?“ (За што служи оваа копче), кои се објавени во октомври 2017 година.
– Тоа е баналноста на планската индустриска егзекуција во контраст со врисоците од гасните комори, кои се право мерило на ужасот. Тој ужас, верувам, е скриен страв дека сите, длабоко во себе би можеле да бидеме исти такви чудовишта. Се стресувам и на самата помисла на тоа… Многу плачев по посетата на Аушвиц, напиша Дикинсон.