Никаде без маска: Непочитувањето на мерките ќе удри по џебот на граѓаните

од Берта Китинска
298 прегледи

На сила стапуваат новите мерки за заштита од Ковид-19.

Носењето маски без разлика дали се респираторни, хируршки, текстилни станува задолжително. Освен маски, дозволена е употреба и на свилени или памучни марами или бандани. На оние коишто нема да ја почитуваат мерката им се закануваат парични казни во висина од 20 евра.

Собранието синоќа ги усвои измените и дополнувањата на Законот за заштита на населението од заразни болести, но тие ќе стапат на сила откако ќе бидат објавени во Службен весник.

Како што е пропишано во законот ќе ги следиме сите протоколи.Законот за сите ќе важат,изјави вицепремиерот на Владата Љупчо Николовски.

Функционерите кога се појавуваа на прес конференции или се обраќаа во некоја институција не носеа маски бидејќи за нив важеше посебен протокол. Од сега ниту тие не треба да бидат привилегирани.

-Како што е пропишано во законот ќе ги следиме сите протоколи.Законот за сите ќе важат,изјави вицепремиерот на Владата Љупчо Николовски.

За неносење на маска на отворено предвидена е парична казна од 20 евра. Маските мора да се носат за движење на јавни места и површини од отворен и затворен тип, на пазари, во јавен превоз.Маска мора да се носи при влез во затворени простори како државни институции, маркети, продавници, банки, пошти, чекални, здравствени установи и слично.Мерката нема да важи при спортување на отворен простор или на затворено со почитување на специфичните протоколи за заштита, при возење во приватно патничко моторно возило ако возачот е сам или со лица со кои заедно живее. Мерките за носење на маска не важат за лица помлади од шестгодишна возраст и за лица со посебни потреби и пречки во развој.За неносење на маска на отворено предвидена е парична казна од 20 евра.

Забрането е групирање на јавен простор, паркови, јавни површини или било која површина на отворено, а казната е 500 евра.

Министерството за здравство апелира до сите граѓани да се почитуваат мерките за заштита од ковид-19. Носењето на заштита маска, одржувањето на физичка дистанца и миењето на раце се единствените мерки кои можат да го спречат ширењето на вирусот. Да бидеме одговорни и совесни, да го зачуваме нашето здравје, но и здравјето на нашите најблиски.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 29558, бројката на оздравени пациенти е 19994, на починати е 977, а бројот на активни случаи изнесува 8587.

 

Слични содржини