Нико Розберг ја освои светската титула во Ф1, откако заврши втор по соиграчот во “Мерцедес” Луис Хамилтон во последната трка од сезоната. Токму тоа му беше доволно за да триумфира. Така тој ја сопре и серијата од две последователни титули за англичанецот.

Младиот Германец влезе и во историјата на Ф1, а тој и неговиот татко Кеке станаа само вториот пар тато и син, кои се станувале светски шампиони. Првиот беше Греам и Дејмон Хил. Розберг имаше само еден тежок момент,а за кратко остана зад Макс Верстапен, поради неговата стратегија со едно запирање во боксот, но успеа да го надмине и се задржува втор. Двајцата пилоти на “Мерцедес” возеше неколку круга зад Себастијан Фетел со “Ферари”, но при второто запирање за менување гуми си го поврати лидерството. По двајцата пилоти на “Мерцедес” се нареди Себастијан Фетел со “Ферари”, кој се соочи прво со Даниел Рикиардо од “Ред Бул”, а потоа и со клубскиот колега Макс Верстапен, кој остана четврти. Клубскиот колега во “Ферари” Кими Раиконен остана шести, следен од пилотите на “Форс Индија” Нико Хулкенберг и Серхио Перез. Фелипе Маса зеде поени во последната трка од кариерата, и заврши на осмото место, а 10-тото место беше за Фернандо Алонсо со “Мекларен”.