Можно е да е тоа состанок за потврда и обелоденување за новата влада
Лидерот на ВМРо ДПМНЕ за вечерва свика итен состанок во седиштето на партијата со сите коалиционери. Тие ќе се состане вечерва нешто по 19 часот. Сите коалициски партнери се повикани на состанокот, на кој најверојатно ќе бидат соопштени условите од ДУИ за можната идна колиција, и резервните варијанти на ВМРО ДПМНЕ до колку тоа не се случи.
По овој состанок е предвиден и Извршен комитет на партијата за на некој час пред истекот на рокот за составување на новата влада за да се договорат завршните стратегии, и се тоа да помине преку извршниот партиски орган.
Има две сценарија. Првото е дека до крајот на вечерва и пред истекот на рокот некаде до 23 часот би можеле Ахмети и Груевски да закажант заедничка прес конференција и да ја обзнанат старо новата коалиција, и да ги соопштат министерствата.
Втората е Али Ахмети сам да си оддржи прес вечерва да соопшти дека немаат донесено одлука и дека им треба уште време, или и воопшто да не излезе со прес а да продолжи дебатата во Мала Речица, во седиштето на ДУИ.
Самото НЕ за ВМРО ДПМНЕ сепак не мора да значи ДА за СДСМ и се тоа може да оди во сосема трета насока а тоа би значело широка влада и подоготовка за нови избори, велат тие кои се некаде измеѓу ни лево ни десно.
Одговорот секако ќе го имаме утре, и тоа дали претседателот Ѓорге Иванов , кој ќе го прими сиспкот на мнозинсвото ВМРО ДПМНЕ-ДУИ , или ќе прави нови уставни толкувања, со доделувањето евентуално нов мандат за своите сопартијци, или сето тоа ќе го разобличи именувањето претседател на Парламентот, и за тоа кој како и за кого ќе гласа.
Од таборот на ВМРО ДПМНЕ веста е дека вечерва ќе ја обединат коалицијата и новата влада
ОД СДСМ веста е дека вечерва ништо нема да биде завршено.
Од ДУИ дека има сериозна поделеност во целата партија,и тоа Ахмети за ВМРО ДПМНЕ, а тројцата потпретседатели и дел од пратениците се против влада со Никола Груевски.
Сепак Ахмети може и сам да ја донесе одлуката, па потоа да се брка мнозинство и усогласеност во партијата.
Рокот за составување нова влада , на мандатарот Никола Груевски и ВМРО ДПМНЕ истекува вечерва во 24.00.