Николоски ја обвини владата дека намерно ги забавувала реформите за да влезе во иста група со Албанија

од Vladimir Zorba
344 прегледи

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски во вечерашното гостување во „Само интервју“ на Канал 5 ТВ рече дека не може да направи ништо друго во актуелната ситуација освен што може да апелира и јавно да предупредува да се спроведуваат реформите за добивање датум за преговори за влез во ЕУ, но и да лобира.

Николоски ја обвини Владата дека намерно ги забавиле реформите за да влезат во иста група со Албанија што е голема грешка за негативниот одговор од ЕУ.

-ВМРО-ДПМНЕ во овој момент не може да направи ништо друго, тоа ќе се случи кога ќе дојдеме на власт. Ние како и досега апелиравме и јавно предупредувавме да се следат реформите. – рече Николоски кој ги обвини Заев, Димитров и Османи за негативниот исход од Брисел.

-Одговорноста е јасна, таа е на оној кој ја предводи Владата, на премиерот Зоран Заев, министерот за надворешни работи Никола Димитров и вицепремиерот за евроинтеграции Бујар Османи.

-Денеска побаравме оставка и предвремени избори затоа што сметаме дека единствено тоа е излез од овој ќорсокак во кој се наоѓа Македонија. Земјата изгуби година и половина затоа што владата не спроведуваше реформи. Ова е целосен пораз и дебакл на Владата на Заев. – вели Николоски.

Николоски смета дека голема е и грешката што нашата земја била во група со Албанија.

Слични содржини