Николоски: Ја повикуваме Владата да ги објави уставните амандмани

од desk4

  

Денеска сме во посета на општина Кисела Вода, во населба Драчево, село Драчево и Присојница. Тука сме на средби со граѓаните да продискутираме околу актуелните состојби, пред се поврзани со референдумот кој што се однесува на преименување на Република Македонија, да ги слушнеме нивните ставови и нивните гледишта.

Граѓаните се навистина загрижени за сето она што се случува, има огромен отпор кон овој договор, порача шпотпретседателот на ВМРО ДПМНЕ  Александар Николовски

Граѓаните, пред се етничко Македонци не го прифаќаат, се против преименувањето и промената на Уставот, како и  промената на националниот идентитет на Македонците. Во исто време се отвора прашања зошто на 10-тина дена до референдумот владата не ги објавува уставните амандмани затоа што клучниот дел од договорот е промена на Уставот, промена на Преамбулата, на членовите 3 и 49 како и промена секаде онаму каде што пишува Република Македонија во Република Северна Македонија.

Ние ја повикуваме владата да ги објави, баш за да можат да ги видат граѓаните и да видат кој е тој голем страв кој што го крие владата од нив , порача потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски.

Слични содржини