Николоски: Од 2009 очекувањата за преговори со ЕУ ни се раѓаат најмалку два пати годишно

од Nikola Popovski

Пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски смета дека е здраво да се одржува дебатата на седницата на Националниот совет за ЕУ интеграции, „за особено што од 2009-та година навака очекувањата се раѓаат најмалку два пати годишно, во јуни и во декември, но за жал не се реализираат од добри познати причини“.

-Доколку овој процес е замрзнат и е ваков каков што е се поставуваат најмалку две прашања, првото прашање е дали има јасна визија и стратегија за Македонија и за регионот, и второто прашање е кој е планот. Во континуитет и Македонија и регионот се соочуваат со криза, прво беше здравствената криза која што се уште трае. Во моментов веќе има енергетска криза за компаниите, а за граѓаните ќе започнат да чувствуваат следната година, изјави Николоски на седницата.

Николоски ги наброја предизвиците со кои што Македонија се соочува и кои што делумно се производ на неуспешните политики на Владата, но делумно се и регионални и глобални феномени за кои што до денеска не се добиваат одговори, ниту пак насоки, патокази каде државата може да се движи.

-Како што мислам дека недостасува еден впечаток во јавноста, можеби реалноста е поинаква, но впечатокот е таков, а тоа е дека не постои посериозен притисок врз Бугарија. Постои декларативен притисок, постои притисок кој што е на зборови и тоа го гледаме сите, но сериозен политички притисок врз Бугарија не гледаме во изминативе три, три ипол години колку што е проблемот. А, сите сме свесни доколку има волја тоа може да се направи, појасни Николоски.

 

Слични содржини