Николоски: После изборите една работа е сигурна – Влада со ДУИ нема да има

од Stefanija Kuzmanovska

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски изјави дека доколку неговата партија победи на парламентарните избори, нема да формира Влада со ДУИ.

„После изборите една работа е сигурна, а тоа е дека Влада со ДУИ нема да има. Ова раководство на ДУИ за жал се криминализираше до максимален можен степен, скоро и да нема ден во којшто нема афера во којашто дел се претставници на ДУИ. Тоа е однесување коешто никој не може го толерира и однесување кое што треба да биде истражено од органите, а не да биде дел од владина работа, затоа што ние излегуваме со наша програма и таа програма не можете да ја спроведете со луѓе коишто одат сабајле на работа и размислуваат како да злоупотребат нешто или да направат криминал“, навел Николовски во интервју за „Радио Слободна Европа“.

Слични содржини