По ставот на опозицијата да се откажат локланите избори во Штип и Пласница, со совја рекација излезе кандидатот на СДСМ за градоначалник на Штип, Сашко Николов.
„Што е апсурд? Да организираш протести, масовни собири, деструктивно да ја кочиш набавката на опрема за ковид амбуланти. Апсурд е колективното, константно прекршување на здравствените протоколи и мерки од страна на ВМРО – ДПМНЕ. Апсурдно е и тврдењето на ВМРО-ДПМНЕ, дека јас, како стручно лице, здравствен работник, не се грижам за здравјето на граѓаните. И денес, како пратеник и како кандидат за Градоначалник, редовно ординирам во кардиолошкото одделение во КБ Штип. Целото мое слободно време го користам да помогнам и да дадам допринос во здравствениот систем, а со тоа да помогнам на сите граѓани и здравствени работници, во справување со оваа пандемија.
Како здравствен работник цврсто стојам позади тоа дека локалните избори во Штип, ќе се изведат со целосно почитување на мерките и здравствените протоколи и дека секој ќе може безбедно да го оствари правото на глас.
Додека опозицијата се занимава со празни и бледи пресови, јас, моето слободно време го користам да спасам човечки живот…, пишува Николов.
Предвремените локални избори во Штип и Пласница треба да се одржат на 13 декември.Рокот за доставување на кандидатурите истекува во сабота.