Николова: 2022 заврши со 430 милиони евра инвестирани во ТИРЗ – показател за ефектот на странските инвестиции

од Nikola Popovski

Ефикасните и одговорни економски политики на Владата предводена од СДСМ даваат резултат, македонската економија и во време на светска криза е развојна и конкурентна. 2023 година ја започнуваме со нова инвестиција во Технолошко индустриската развојна зона во Штип, порача денеска пратеничката на СДСМ, Даниела Николова на прес-конференција.

Станува збор за компанијата „Магна мехатроникс“, потенцираа таа, која ќе инвестира 40 милиони евра, а во чија фабрика ќе се вработат околу 600 луѓе.

-Благодарение на таквите политики, само минатата година во ТИР зоните во државата се инвестирани 430 милиони евра и се отворени 2.300 нови и добро платени работни места. Минатата 2022 година, бележиме рекордно највисоко ниво на извозот од ТИР зоните од 3,7 милијарди евра, што е за 25 отсто повеќе отколку во 2021 година. Сето ова е показател за ефектот на странските директни инвестиции врз домашното стопанство, но и доказ за конкурентноста на македонската економија, истакна Николова.

Додава дека Владата предводена од СДСМ продолжува со одговорен, домаќински пристап во економијата и вели дека 2023та ќе биде година на економски пресврт.

Слични содржини