Генералниот секретар на СДСМ, Љупчо Николовски вели дека кандидатот за пратеник на листата на ВМРО-ДПМНЕ, а поранашен пратеникд од СДСМ, Сафет Бишевац минатата година барал владејачката партија повторно да го кандидира.
„Господинот Бишевац во текот на летото беше во мојот кабинет и побара да биде кандидат на листата на СДСМ. Јас му реков дека ниту можам да разговарам, ниту пак да гарантирам во тој момент. Очигледна е желбата да стане пратеник, но ние имавме јасна и прецизна постапка, која што на крајот ја исфрли најквалитетната кадровска и програмска понуда, изјави Николовски за „Утрински брифинг“.
Тој кажа дека СДСМ воведе повисоки стандарди во политичкото однесување, селекција, развој на кадри и отвореност на партијата, додавајќи дека имаат најквалитетна понуда на пратеници.