Николовски: Чист мандат за да одиме напред, СДСМ спремен за сигурна победа

од Vladimir Zorba
191 прегледи

Силна порака упатија стружани денеска: Продолжуваме на прав пат. Подготвени сме за нова победа, напиша на својот Фејсбук профил генералниот секретер на СДСМ, Љупчо Николовски по трибината на Социјалдемократите во Струга.

„Победа и чист мандат од граѓаните за да одиме напред. За нови реформи, работни места, уште повисоки плати, повисоки пензии, уште посилна градежна инфраструктура и инвестиции. Чист мандат за да не ја кочат правдата и одговорноста за украденото, за да не се врати радикализмот и националнизмот, да не се врати расипништвото на дпмне, да нема тензии и затварање медиуми, студенти и невини граѓани. СДСМ спремен за сигурна победа“, напиша Николовски.

 

Силна порака упатија стружани денеска: Продолжуваме #НаПравПат! Подготвени сме за нова победа! ✊Победа и чист мандат…

Публикувахте от Ljupcho Nikolovski в Събота, 19 октомври 2019 г.

Слични содржини