Николовски: Да се расчистат евентуалните малверзации околу Сојузот на тутунските здруженија

од Vladimir Zorba
95 прегледи

Институциите да ги расчистат сите нејаснотии, неправилности и можни малверзации околу Сојузот на тутунските здруженија за да нема ниту една дамка во тутунопроизводството кое државата го поддржува и го стимулира, од кое егзистираат 30 000 семејства и од кое годишно се остварува значаен девизен прилив, порача денеска од Прилеп министерот за земјоделство Љупчо Николовски.