Николовски од Штип: Се гради на Истокот како никогаш досега, затоа што се работи домаќински и со план

од Берта Китинска
136 прегледи

Луѓето на Истокот на изборите претходно беа под притисок, под закани, под уцени. Посебно земјоделците, работниците. Тоа време е минато. Работниците се наша светост и ние ќе продолжиме да ги штитиме нивните права, рече генералниот секретар на СДСМ, Љупчо Николовски од Штип.

„ Затоа денес покажавме дека може да имаме повисока минимална плата од 9.000 на 14.500 и тоа еднаква и во текстилната и во кожарската индустрија. За сите од овој регион“, порача Љупчо Николовски, генерален секретар на СДСМ и носител на Коалицијата „Можеме“ од вечерашната трибина во Штип.

Тој нагласи дека во Источниот регион се инвестира и се гради како никогаш досега, а поддршка има и за сите категории граѓани.

„Овозможивме да има зелена нафта, која до крајот на мандатот ќе биде покриена 100 проценти, има поголеми субвенции, направивме многу капитални проекти. Нема регионален пат што не е направен од Делчево до Лозово, од Крива Паланка до Штип,. Три од четири експресни патишта се градат на Истокот. Истокот да биде уште поповрзан, да се тргува, да ги вратиме нашите Македонци, а да ги извезуваме нашите брендирани прозводи. Автопат Миладиновце – Свети Николе-Штип, го оставија многу проблеми кои ние требаше да ги поправаме и на кои изгубивме многу време“, рече Николовски и нагласи дека СДСМ и Коалицијата „Можеме“ ја нуди чесноста и одговорноста да продолжи нашата држава по вистинскиот пат.

Слични содржини