Николовски: Се уште нема одлука дали Костадинов ќе биде кандидат за градоначалник на Струмица

од Nikola Popovski
254 прегледи

Партијата и Извршниот одбор се уште немаат одлука за Струмица. Во над 10 општини, меѓу кои и Струмица, водиме со 10%, според нашите истражувања, изјави генералниот секретар на СДСМ, Љупчо Николовски, на прашање на „Локално“, дали актуелниот пратеник и портпарол на партијата, Костадин Костадинов е кандидат за градоначалник за Струмица.

Според него, партијата сака и во општините каде што не се објавени имињата на кандидатите, да ги максимизира резултатите, според бројот на гласови, па да ги одбере најдобрите кандидати.

-Тие се најлесни одлуки и затоа и таму внимателно ќе одиме. Победата на СДСМ во Струмица е сигурна, потенцира Николовски.

Партијата досега има објавено имиња на 50 кандидати за градоначалници.

Слични содржини