Николовски: Шекеринска е голем и долгогодишен следбеник на Црвенковски

од Nikola Popovski
366 прегледи

„Радмила Шекеринска е голем и долгогодишен следбеник на Бранко Црвенковски. Таа во тој момент кога се менуваше партиското раководство остана на страната на Заев и тогаш беше чудно што премина“, вели новинарот Љубиша Николовски за емисијата „Топ тема“, коментирајќи ги партиските промени во СДСМ и новите кадри на функциите.

Според него, исто така било чудно што Шекеринска била едиствената од гарнитурата на Црвенковски што останала во тимот на Заев.

„Таа имаше сериозно влијание и имаше храброст, единствена од бранот на бранковизмот да се спротивствави на некои тогашни ситуации“, смета Николовски.

Слични содржини