Николовски: Со првиот повик од ИПАРД 3 даваме поддршка за набавка на опрема и инвестиции во развојот на руралниот туризам

од Radmila Tasevska

ИПАРД е нашата успешна приказна, најголем успех со кој сите треба да се гордееме. Ние сме лидери во регионот по неколку основи, ја имаме најголема искористеност од 98% на средства од ИПАРД 2 програмата, со склучени 2369 договори, нула евра вратени кон ЕУ и први во регионот ние започнуваме со ИПАРД 3 програмата, истакна министерот Николовски во интервјуто за Тема на денот на Сител телевизија.

„Лидерското место го потврдивме со тоа што први сме во регионот кој ја започнавме реализацијата на новата ИПАРД 3 програма. На 1 септември го распишавме првиот јавен повик од новата ИПАРД 3 програма, кој се однесува за мерките 1 и 7 и на располагање ги ставивме првите 30 милиони евра, од вкупноте 97 милиони евра кои ги имаме на располагање за инвестциии со новата ИПАРД 3 програма. Овој јавен повик е отворен до 15 октомври, со можност за продолжување до 1 ноември 2023 година”, истакна министерот Николовски.

Инвестиции во модернизација на земјоделството преку набавка на опрема, подигнување на насади и инвестици во развојот на руралниот туризам се само дел од можностите кои се нудат со мерките од привот јавен поивик од ИПАРД 3.

„Новата ИПАРД 3 програма овозможува авансна исплата до 50% од висината на финансиската поддршка, веднаш по потпишување на договорот. Обезбедувањето на потребната документација, ќе се врши преку електронски систем, намалувајќи ги трошоците на апликантите и забрзувајќи го процесот на аплицирање”, истакна министерот Николовски.

Поголем процент во добивањето на финасиската поддршка при аплицирање за мекрите од ИПАРД 3 програмата добиваат младите земјоделци. Па такаподдршката за кофинасирање на еден проект може да достигне и до 70% од вредноста на инвестицијата, каде како апликант се јавува млад земјоделец.

Интересот за новата ИПАРД програма е голем, истакна министерот Николовски. На терен повторно е активна информативна кампања која има за цел детално да ги запознае сите земјоделеци со можностите кои им се ставаат на располагање за инвестиции и модернизација на своето производство преку ИПАРД програмата.

Слични содржини