Ништо од тенискиот спектакл: Надал се откажа од дуел против Федерер

од desk2
99 прегледи

Рафаел Надал се предаде пред полуфиналниот дуел против Роџер Федерер, па така Швајцарецот без борба обезбедува пласман во финалето на Индијан Велс, каде што ќе има шанса да ја освои својата 101 АТП титула.

Во пресрет на тенискиот спектакл во Калифорнија, Надал се откажа поради повреда на десното колено, па се што можеше е само да му честита на Федерер за пласманот во финалето.

„Денеска додека се загревав осетив болки во моето колено коешто не е доволно добро за да играм еден ваков натпревар во полуфиналето на Индијан Велс“, изјави разочараниот Шпанец.

Федерер во финалето ќе се сретне со подобриот од дуелот Доминик Тим и Милош Раониќ, битката за титулата е закажана за утре.