Ноќ во луксузен хотел во Швајцарија чини 91.000 евра

од desk2
86 прегледи

Хотелот „President Wilson“ во Швајцарија поседува луксузен пентхаус во кој една ноќ чини 91.000 евра.

Пентхаусот зазема цел осми кат во хотелот „President Wilson“, кој се наоѓа на езерото Женева во Швајцарија. Отворен е во мај 1962 година, а името го добил по американскиот претседател Вуроу Вилсон, поради неговата улога во креирањето на Лигата на нациите.

Колку е луксузен пентхаусот зборува фактот што во него отседнувале славни личности како Ричард Бренсон, Ријана и Бил Гејтс. На гостите на располагање им е личен готвач, батлер па и обезбедување.

Освен што е најскап, ова е и најголем апартман во Европа, и се простира на 1.680 квадрати.

Бањите се направени од мрамор и опремени се со производи на Хермес, во случај гостите да не носат своја козметика, гелови за туширање, шампони и слично.

Дел до пентхаусот се две главни спални соби со простории за пресоблекување, како и џакузи, а во просторијата за одмор има клавир Steinway Grand.

Гостите мора облеката да ја остават во гардероба, а кога удобно ќе се сместат, следи уживање со панорамски поглед на езерото. Исто така, на располагање им е приватен лифт.