Ноќната работа е опасна за жените!

од desk2
176 прегледи

Промената на временските зони за време на интерконтинентално патување и ноќно работење повеќе ги погодува жените отколку мажите.

Во експериментот учествувале 16 мажи и 18 жени кои поминале 28 часа без природен циклус на светлина и темнина.

На секои три часа, испитаниците го решавале тестот за внимание, меморија и моторни функции, го оценувале своето расположение и чувството на замор. Членовите на двата пола изјавиле дека почувствувале промени, но тестовите на научниците точно откриле дека жените покажале многу полоши когнитивни способности во раните утрински часови, што се совпаѓа со ноќната работа.

Претходните студии покажале здравствен ризик за луѓето кои работат во ноќни смени. Па така, во 2007 година, Светската здравствена организација ја класифицираше ноќната работа како потенцијално канцерогена. Истражувањата на Харвард предупредиле дека жените кои работат ноќни смени имааат 11 проценти повисок ризик од предвремена смрт. А дамите кои работеле 15 или повеќе години во ротирачки ноќни смени имале 25 проценти поголем ризик да умрат од рак на белите дробови.