Метеорскиот дожд Геминида ноќва беше видлив во речиси сите делови на светот и ќе може да се набљудува до утринските часови на 14 декември, објави порталот Спејс.
Станува збор за појава на годишниот феномен Геминида, за кој се очекуваше годинава да биде посебно спектакуларен.
За разлика од поголемиот број метеорски дождови кои ги предизвикуваат комети, Геминида настанува благодарение на астероидот 3200 Фаетон, чии делови во овој период од годината согоруваат во земјината атмосфера.