Дедо Мраз на надувуваше е поставен на врвот од планината Хорнелен во Норвешка, што воедно претставува и највисоката крајбрежна карпа во Европа.

Хорнелен е висок 860 метри, и се наоѓа на островот Бременгарлендет.

Претходно овој врв е користен како точка за навигација на бродовите што поминуваат од тука, а секој што ќе погледне натаму ќе може да го види огромниот Дедо Мраз кој е сезонски посетител.
